речник контакт

Нови 29 случаи на лица позитивни на кoвид-19 и една почината пациентка

Во Болницата како и вчера има хоспитализирано 52 пациенти

Петар Печков

Нови 29 случаи на лица позитивни на ковид-19 и седуммина оздравени. Ова е состојбата во велешко, по објавениот здравствен билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 370 лица. Регистриран е  и еден смртен случај, почината пациентка во велешка Болница на 79 годишна возраст, жителка на село Оморани. Таа е 245 жртва од последиците на корона вирусот.

Во трите ковид одделенија од Болницата  како и вчера има хоспитализирано  52 пациенти, од нив 33  се позитивни потврдени со ПЦР тест, петмина се непотврдени и 14  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„ Испишани како оздравени со по еден негативен тест се четворица пациенти.  Примен е еден пациент,  на Инфективно одделение. На  континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 19 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има 11  и во Модуларната Болница има 22 пациент а таа има капацитет од 54 легла.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »