речник контакт

Нови 32 случаи со ковид-19 во велешко

Во пораст и бројот на згрижени во велешка Болница

Петар Печков

Се зголемува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко и на згрижени пациенти во велешка Болнциа. Ова го говорат бројките од Министерството за здравство и велешка Болница.

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 32 нови случаи на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 13. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 343 лица со ковид-19. Починати нема.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 35  пациенти, пет повеќе  од вчера. Ново примени  се тројца пациенти-сите префрлени од Интерно одделeние, испишани се исто толку- тројца со по еден негативен тест. 

„Од згрижените пациенти,  25  се позитивни, непотврдени се  чеворица   и  шестмина   се негативни. На кислородна поддршка се 15  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 29 а на Интерно одделение шест  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »