речник контакт

Нови 33 случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 30 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 33 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 22. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 327 лица со ковид-19. Починати нема.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 30  пациенти, еден повеќе  од вчера. Ново примени  се двајца пациенти, испишани се тројца со по еден негативен тест. 

„Од згрижените пациенти,  20  се позитивни, непотврдени се   тројца   и  седумина   се негативни. На кислородна поддршка се 11  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 23 а на Интерно одделение седумина  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »