речник контакт

Нови 34 случаи на лица позитивни на ковид-19, еден починат

Како активни се водат 559 случаи а во велешка Болница се 32 пациенти

Петар Печков

Денес во велешко се регистрирани  34 ново заразени лица со ковид-19  а оздравени се 29 лица. Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.    Досега се  заболени 2.757  а оздравени се  2.105 пациенти.   

Како активни се водат  559  лица, од нив 24  се во велешка Болница, двајца се  во приватни клиники во Скопје,  двајца на Инфективна клиника и  двајца се во Болницата  Козле, еден е на торако-васкуларна клиника. На домашно лекување се  528  пациенти.  

Од велешката Болница информираа дека денес починат е еден пациент од Велес на 70 годишна возраст, лекуван Инфективно одделение две  недели. Тоа е 93-тиот смртен случај на лице починато од велешко, поради последиците од корона вирусот.

Хоспитализирани  во велешка Болница се  32, од кои 24 се потврдени позитивни,  непотврдени и  четири  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се единаесет  пациенти. На Инфективно  27 на  Интерно  пет пациенти. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »