речник контакт

Нови 34 случаи на позитивни на ковид-19 и еден починат пациент

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти изнесува 49

Петар Печков

Изминатите 24 часа починат е еден  пациенти,  лице на нa 73 годишна возраст, позитивнo на ковид-19 а згриженo во скопските клиники. Ова е информација од Министерството за здравство.   Со ова бројот на починати во велешко, од последиците на ковид заразата достигна до 229 лица.


Изминатите 24 часа, во велешко има 34 нови случаи на лица позитивни на ковид-19.  Во истиот период оздравени се 16 пациенти, информираа од Институтот за јавно здравје. Бројот на активи случаи во велешко се искачи на 368 и е трет во земјава, по Скопје и Куманово.  

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти во трите ковид одделенија  е за еден поголем  од вчера и изнесува 49, потврдени се 32, непотврдени се двајца пациетни а негативни се 15 но со потреба од продолжено лекување.

„Ново примени се пет пациенти, тројца на Инфективно и двајца во Модурната.  Испишани со по еден негативен тест како оздравени се тројца пациенти. На кислородна поддршка се 26 пациенти. Еден пациент со пад на сатурацијата на 51 година возраст е префрлен во Болницата 8-ми Септември во Скопје “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.

Од згрижените  пациенти 24 се на Инфективно одделение, 17 во Модуларната болница, додека на Интерно  се осуммина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »