речник контакт

Нови 35 позитивни случаи со ковид-19 во велешко

Активни се 692 случаи, во Болница се хоспитализирани 54 пациенти

Петар Печков

Во велешко денес има  35 ново  заразени од ковид-19,  вкупно досега  2.514, објави Центарот за јавно здравје Велес.  Оздравени  се 31  пациент, вкупно  1.742. Активни се  692 случаи,   54 се  во Болница,  629 на домашно, 8 во приватни клиники и еден во торако-васкуларна.   Бројот на починати во велешко, како последици на корона вирусот е 80 лица.  

Во велешката Болница се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 44 се потврдени позитивни, непотврдени се шест  и четири  со негативни тестови, а со здравствени проблеми.

На кислородна поддршка се 21 пациенти. Испишани се десет  пациенти со по еден негативен брис. На Инфективно се  40 пациенти, на Физикално 11 и на  Интерно три- соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »