речник контакт

Нови 38 случаи на позитивни со ковид-19 од велешко

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 32 пациенти, четворица повеќе од вчера

Петар Печков

И натаму е висок е бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко. Откако претходните три  дена  имаше регистрирано 140,  изминатите 24 часа има 38 а 16  се оздравени.

Ова се податоци кои во дневниот билтен ги објави Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи се искачи над 300 и стигна до  317 лица. Починати нема

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 32  пациенти, четворица повеќе од вчера. Ново примени  се четворица,  испишани нема.  

„Од згрижените пациенти,  21   се позитивни, непотврдени се   тројца   и  шестмина   се негативни. На кислородна поддршка се осум  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 27 а на Интерно одделение петмина  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »