речник контакт

Нови 3Д пешачки премини, за безбеден сообраќај

Целта е зголемување на видливоста на пешаците и побезбедно одвивање на сообраќајот на улиците

Петар Печков

Велешките сообраќајници добија нови 3Д пешачки премини, кои се изработени  во соработка на локалната власт  со ЗГ „Активо” од Велес. Новите решенија  се на  улиците „Алексо Демниевски Бауман”  -пред зградата на пензионерите,  „Борис Трајковски”  -во близина на ОУ „Васил Главинов” и на улицата „Петре Прличко” пред Жито маркетот во  близина спортската сала на ОУ  „Панко Брашнаров”.  

Десетина волонтери, млади ликовни уметници од Велес во изминатите четири ноќи работеа на новите дизајни на пешачките премини под надзор на вработените од секторот за урбанизам од Општина Велес и во соработка со СВР Велес.

Пешачките премини се изработени во 3Д модел и со предупредувачки зборови со цел зголемување на видливоста на пешаците и побезбедно одвивање на сообраќајот на улиците - изјавија од ЗГ Активо. 

Три димензионалното бележење на пешачките премини во градот е дел од активностите со кој се  одбележува Европската недела на мобилност. Тие завршуваат недела на  22 септември) кога ќе се одбележи Денот без автомобили. Во периодот од 7 до 15 ч. улицата 8-ми септември од плоштад Сармаале до плоштад  Кај коњот ќе биде затворена за сообраќај.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »