речник контакт

Нови 45 случаи на ковид позитивни во велешко

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 29 пациенти, еден повеќе од вчера

Петар Печков

Во велешко изминатите 24 часа има  45 ново заразени лица  со ковид-19, додека оздравени се  37 пациенти  покажуваат  податоците од Министерството  за здравство. Бројот на активни случаи во велешко  е 230  случаи. Починати нема.  

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 29 пациенти, еден повеќе од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани  11, на  Интерно  шест   и на Физикално 12 пациенти, но тие во текот на денот се префрлаат на Инфективно одделение. ТрМр веќе објави дека поради малиот број на пациенти кои се згрижени во велешка Болница, физикално одделение, како ковид центар се затвора. Испишани се тројца пациенти со еден негативен тест, ново примени  се двајца.    

„Потврдено позитивни се 17, непотврдени  е тројца   и негативни се девет   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 15 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »