речник контакт

Нови 46 случаи позитивни на ковид-19 во велешко, еден починат

Активни се 411 случаи а во Болница се 58 пациенти

Петар Печков

Нови 46 случаи со корна вирусот во велешко се регистрирани во текот на вчерашниот ден  а оздравени  нема, соопшти Институтот за јавно здравје. Активни се  411 случаи а досега во велешки биле заразени  3888.

Од велешка  Болница соопштија дека денес е  починат  пациент на 64 годишна возраст, од Велес, лекуван на Инфективно одделение три  дена. Тоа е 119-та жртва на последиците од корона вирусот во велешко.  
.

Bо велешка болница  хоспитализирани се 58, од кои 50 се потврдени позитивни, двa се сомнителни  и шест  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.  На Инфективно  одделение се  36 пациенти, во Модуларната болница се 16 а на Интерно шест пациенти.


Расте бројот на пациенти на кислородна поддршка, денес се искачи  на 28 пациенти. Од Болницата се испишани се четири  пациенти како оздравени  со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »