речник контакт

Нови 48 пациенти позитивни на ковид-19 во велешко, 12 оздравени

Во Велешката Болница има хоспитализирано 68 пациенти, во велешко има 578 активни случаи

Петар Печков

Денес во велешко има 48 ново регистрирани случаи на позитивни со ковид-19, оздравени се 12 пациенти, објави Центарот за јавно здравје Велес. Досега во велешко има регистрирано 1010 лица со корона вирус, од нив 396 се оздравени.  

Активни се 578 случаи на пациенти позитивни на ковид-19, од нив на домашно лекување се 524 лица, на Инфективно одделение 47, едно е во ГОБ 8-ми Септември, две родилки се на ГАК и четири пациенти се на приватна клиника во Скопје.

Во Општа Болница Велс хоспитализирани се 68 пациенти на Инфективно одделение се 52 од нив 47 се потврдено позитивни, пет се  чекаат резултати по земен брис, 15 пациенти се на кислородна поддршка. Еден пациент со два последователно негативни теста е испишан.

И на Интерното одделение тракт „Б“ има 16 пациенти, 12 се сомнителни, двајца се позитивни а двајца се со негативни тестови но со тешка клиничка слика. Тројца од овие пациенти се на кислородна поддршка.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »