речник контакт

Нови 5 години затвор за стечајниот Тамбурковски

Владислав Тамбурковски како стечаен управник во велешка Топилница заработи нова казна затвор

Петар Печков

Владислав Тамбурковски како стечаен управник во велешка Топилница заработи нова казна затвор во вкупно траење од пет години за две кривични дела затајување и фалсификување на деловни книги но и обврска да и врати на државата 22,2 милиони денари.

Судијата Шефшет Адеми го прогласи Тамбурковски за виновен, земајќи ги предвид понудените докази дека стечајниот управник во периодот  од март 2003-та до јуни 2005-та , според УЈП одбегнал да плати ДДВ и персонален данок кон државата за привремено ангажираните работници на кој им исплаќал пари на рака. Тој испорачувал производи од метали, меѓу другото злато и сребро, на повеќе приватни фирми, а тоа не го евидентирал во комбинатот кој бил во стечај, по што државата не можела да ги наплати двачките. Со овие дејствија ја оштетил државата за 22,2 милиони денари. Оваа пресуда му е изречени во отсуство, будејќи Тамбурковски во април 2006-тата избега од Македонија.

Тој со бугарски пасош живее и работи во Софија а бидјеќи по него има меѓународна потерница не може да ја напушти соседната држава. Додека Тамбурковски доаѓаше на претходните судења во Велес, тврдеше дека се што работел било во согласност и со знаење на стечајната судијка и сечајниот судски совет. Според нив пак Тамбурковски беше поставен за стечаен управник во МХК Злетово по барање на луѓе од Светската Банка, кои имале голема доверба во него и покрај критиките што доаѓаа од Македонија за неговата работа во ФАС 11 Октомври и Газела.  

На Тамбурковски ова му е четврта казна изречена во Основниот суд Велес со вкупно времетраење од 15 и пол години затвор и обештетување од 700 илјади евра,  дел за државата дел за Топилницата. Има две правосилни пресуди, првата од 5 години затвор бидејќи продавал имот, олово, цинк, метали сопственост на МХК иако имало судска забрана, а со оваа пресуда тој има обврска  да и врати на Топилница половина милион долари за колку што го оштетил комбинатот. Бидјеќи не ја почитувал судската забрана тој заработи и уште една казна затвор од половина година. Овие две пресуди се правосилни а има неуште една неправосилна изречена неодамна, од пет години затвор за злоупотреба на службена должност и фалсификување на деловни книги. Тамбурковски во овој случај потпишал договори со агенцијата „Патент“ од Скопје, за повеќе лица, кои инсталирале посебна технолошка метода во комбинатот.

Иако работата никогаш не била изведена, Топилницата им платила 10,2 милиони денари на иноваторите, за колку што е оштетен буџетот на комбинатот, кој бил во стечај. Останува запишано дека тој беше и парично казнет за две прекршочни пријави, првата бидејќи во Топилницата во стечај работеле 75 лица без договор на дело кој ги открила тудовата инспекција и втората затоа што додека тој бил стечаен во Фабриката за вештачко ѓубре ХИВ земјоделскиот инспектор открил дека се произведивала стока која не соодветствува со декалрацијата. За овие две дела тој плати лично 80 илјади и МХК 180 илјади денари казна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »