речник контакт

Нови 53 случаи на лица од велешко позитивни на ковид-19

Во Велешко има 27 лица заразени со сезонски грип

Петар Печков

Педесет и тројца нови заразени со ковид-19 во велешко а оздравени се 22.Ова е здравствениот билтен за изминатите 24 часа кој го соопшти  Министерството за здравство. Бројот на активни случи во велешко  се искачи на   234. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.

Министерството за здравство соопшти дека заклучно до 10-ти јануари во Велес 27 лица  се заразени со сезонски грип.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 26  пациенти, двајца повеќе од вчера. Ново примени  се петмина  пациенти, тројца префрлени од Интерно,  испишани се двајца  пациенти со по еден негативен тест.  

„Од згрижените 16  пациенти  се позитивни, непотврдени се  двајца  и  осум  се негативни. На кислородна поддршка се девет пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 20 а на Интерно одделение шестмина  пациенти. Слободни се 30 болнички  кревети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »