речник контакт

Нови 56 позитивни на ковид-19 во велешко, еден починат на клиниките во Скопје

Активни се 573 случаи, Инфективното одделение е целосно исполнето со 56 пациенти

Петар Печков

  Во велешко денес има 56 нови случаи на позитивни на ковид-19 а оздравени се 16, објавија од Институтот за јавно здравје. Податоците за  вчера, среда. Во велешко има  активни 573 случаи   а досега се заразени  4198.

Од Институтот објавија дека има две лица од Велес починати, едното е тоа од вчера во билансот од велешка Болница веќе евидентирано, додека второто е од денес, од клиниките во Скопје. Тоа е  127-ма жртва од последиците на ковид заразатa.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 73 пациенти,  од кои 60  се потврдени позитивни, шест  сомнителни  и седум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се пет  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Еден пациент денес е транспортиран  во Приватната Болница - Жан Митрев.

Од лежечките пациенти  на Инфективно одделение се   56, или тоа е исполнето, на Интерно се девет и во Модуларна болница осум.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »