речник контакт

Нови 60 заразени со ковид-19 во велешко, оздравени се девет

Бројката на активни се искачи на 364 лица. Бројот на ново заразени во велешко е како во ноември лани и шестта највисока бројка досега од пандемијата на корона вирусот

Петар Печков

Вчера вторник, според Институтот за јавно здравја во велешко  се регистрирани 60  нови случаи на лица позитивни на ковид-19, а оздравени се  девет  пациенти.  Така активни случаи во велешко се 364  а досега се заразиле   3.842 лица.

 ТрМр анализирајќи ги податоците за изминатиот период, оваа бројка од 60 случаи е на нивото од ноемвриските ново заразени. Тогаш за потсетување имаше, најмногу досега  од 83 на 30-ти октомври, 79 на 3-ти ноември,  67 на 20-ти ноември, 64 на  11-ти ноември и 63 на 7-ми ноември.  

Починати од последиците на корона вирусот во велешко е 118 случаи.

СВР Велес информираше дека за непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час евидентирано е едно лице во Велес., против кое ќе следува соодветна мерка.

Вкупно се хоспитализирани 58 , од кои 43 се потврдени позитивни, пет се  сомнителни  и десет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 21 пациенти. Испишани се три  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »