речник контакт

Нови 62 случаи на позитивни на кoвид-19, во болница починати четири лица

Слободни кревети на Инфективно имало уште четири, во Болница се згрижени 62 пациенти

Петар Печков

Во двете ковид одделенија од велешка Болница, изминатите 24 часа  регистрирани се четири смртни случаи.

„Починат е еден пациент на Инфективно и тројца ан Интерно одлеенине.   Двајца пациенти се од Свети Николе, жена на 61 годишна возраст и маж на 79 години, 8 час по хоспитализацијата, 57 годишна жена од населба Чашка и маж од Велес на 48 годишна возраст кој бил ковид позитивен и со коморбидитети. На кислородна поддршка се 28 пациетни“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Со ова бројот на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна до 294 лица.

Во текот на изминатите 24 часа е регистриран е висок број на нови случи на лица позитивни на ковид-19 од велешко. Бројката е  62  лица, оздравени се шест пациенти. Или бројот на активни случаи се искачи на 464.

Вкупно хоспитализирани во двете  ковид одделенија од велешка Болница  се 62 пациенти, на Инфективно 56 и на Интерно шест.  Потврдено позитивни се 55, непотврден еден  и двајца се негативни, но со потреба од болничка нега. Ново примени се шест пациенти, од нив еден е префрлен како позитивен од Интерно а испишани се шест со по еден негативен тест. Слободни кревети на Инфективно имало четири.

Згрижени освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и околината.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »