речник контакт

Нови авантури на Биби и Боби во македонски анимиран филм, приказната за Винету се враќа на големото платно

Меѓу премиерите во 3Д киноверзум се и комедијата Лоши момци: Сè или ништо, нова авантура на Вил Смит и Мартин Лоренс, како и хоророт Набљудувачи

Петар Печков

Македонскиот анимиран филм „Авантурите на Биби и Боби:Волшебната ѓшума од денес е на репертаорот нa 3Д кинвоерзум. Со најновите авантури на Биби, Боби и жителите на волшебната шума, подгответе се за револуција, тајни занаети, неверојатна магија, возбуда, нова музика, модни ревии, луди забави, фудбалски натпревари! 

 Лоши момци: Сè или ништо, нова авантура на Вил Смит и Мартин Лоренс.  Ова лето, омилените лоши момци на светот се враќаат со својот неверојатен микс од акција и урнебесна комедија, но овој пат со пресврт: најдобрите од Мајами сега се во бегство.

Хоророт „Набљудувачи„ е премеира на реператоарот на  3Д киноверзум. Млада уметничка се губи во голема шума во западна Ирска. Откако ќе најде засолниште таа останува заробена со тројца непознати луѓе додека секоја вечер ги демнат мистериозни суштества. 

Hов синхронизиран филм во Киноверзум германскиот  „Младиот Винету и изгубените биволи“#mce_temp_url#12-годишниот син на поглаварот, Винету, се замислува себеси како голем воин, додека неговиот татко, Инчу Чуна, верува дека уште многу треба да научи. Кога стадото биволи нема да се врати со што ќе го загрози опстанокот на племето, Винету ја користи можноста да се докаже пред татка си. Заедно со сестра му Ншо-Чи и младиот сираче Том, Винету тргнува во опасна авантура да ги спаси Апачите.

Анимираниот „Гарфилд“ е на второ место по гледаност во светот изминатиот викенд.   По неочекуваното повторно обединување со неговиот одамна изгубен татко, со  бушавата улична мачка Вик, Гарфилд и неговиот пријател кучето  Оди, се принудени од нивниот совршено разгален живот да му се придружат на Вик во урнебесен грабеж со големи влогови. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »