речник контакт

Нови апарати во Интерното одделение од велешката Болница

Купени се ултразвучен ехо апарат со колер доплер, холтери за аритмија и хипертензија, 12 канално ЕКГ и стрес тест апарат

Петар Печков

Интерното одделение на велешката Болница доби нова опрема.  Неколкуте апарати кои се набавени се вредни 30 илјади евра.  Купени се    ултразвучен ехо апарат со колер доплер, холтери за аритмија и хипертензија, 12 канално ЕКГ  и стрес тест апарат.

Со овие апарати пациенти  ќе можат да добиваат услуги кои докторите не  беа во можност да им ги дадат десетина години наназад во Интерното одделение. Тука ќе можат да ги завршат сите испитувања, да добијат соодветна терапија и болничко лекување, сите пациенти кои имаат срцеви заболувања и интернистички  заболувања. Битно ни е што ќе имаме брза дијагноза, поради која пациентите одеа кај приватни доктори, на клиника во Скопје или во Болницата Јасеново – изјави в.д директорот Атанас Василев.

Тој смета дека неговите колеги од ова одделение  се подготвени да работата со новите апарати. Во интерното одделение секојдневно лекарска помош барале 40-тина пациенти. По  набавката на овие апарати според началникот на интерното одделение д-р Драги Јорданов тие се подготвени да ги даваат сите  услуги освен кардиолошките и пејсмејкерите.  

Во кожната амбуланта  од Општата Болница набавен е  нов дерматоскоп.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »