речник контакт

Нови апсења на лица кои поседувале дрога

Претходните два дена фатени тројца велешани кај кои е пронајдена марихуана

Петар Печков

СВР Велес информираше дека  во неделата и понеделникот, фатила  тројца велешани, кај кои е пронадјена марихуана.

На ден 18.03.2018 г во 22.00 час. во Велес на ул. „Родна Ивева“ од слобода е лишен Р.У.(19) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по чл 215 од КЗ на РМ („Недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“). При претрес на лицето пронајдени се и одземени две помали кесиња најверојатно со хероин и кесе со околу 50 грама  најверојатно марихуана. 

На ден 19.03.2018 г во 11.00 час. во Велес на ул.„Благој Кирков“ од слобода се лишени И.Г.(24) и М.Г.(43) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по чл 215 од КЗ на РМ(„Недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“). При претрес кај лицата се пронајдени и одземени поголеми најлонски кесиња најверојатно со марихуана - пишува во писмената информација на СВР Велес.

Претходно на 6-ти и 7-ми март велешката полиција исто така уапси две лица Љ.Д. (34 год) и И.Т. (43 год) поради поседување  на  дрога.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »