речник контакт

Нови в.д директори во Хигиенски, ЈП Парк спорт, Библиотека, Гимназија

Кои се новите луѓе на раководните позиции во овие институции

Петар Печков

Серија на нови именувања на в.д. директори во Велес на државни и локални институции.

Во Центарот за Јавно здравје  именувана е Богданка Дограмаџиева Јорданова магистер по економски науки, која  има 25 годишно искуство во оваа здравствена институција  а досегашната д-р Весна Николовска Неделковска, се врати во велешка Болница. 

На локално ниво  нови именувања  во ЈП Парк спорт и паркинзи се Диме Левков професор по физичко и спортско образование откако на досегашниот Љупчо Иванов му завршил договорот,  во Гимназија е Зоран Јовановски исто така професор по физичко и спортско образование, вработен во оваа образована институција откако досегашниот директор Гоце Алексовски замина во пензија  и во Локалната Библиотека Пале Најдова дипломиран професор по македонски јазик и јужно словенски   јазици, вработена во библиотеката, откако  досегашна Стефани Андреевска ја напушти позицијата.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »