речник контакт

Нови возови кон Битола , Скопје и Кочани

Новите возови сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови

Петар Печков

Од недела, 12 јуни 2016 година, стапуваат во сила измените на возниот ред  на Македонски Железници транспорт  за 2015-2016 година.

Со новиот возен ред од Велес  за Битола ќе вози  една нова композиција  брз воз кој ќе сопира на станиците во Чашка, Богомила и Гостиражни.  Овој воз од станицата во Велес тргнува во 2.20 ч а во Битола стигнува 4,30 ч.   Од Битола за Велес   има еден нов воз кој ќе тргнува во  21.04 часот во Велес ќе биде во 23.04 ч.

Кон Кочани, исто така, ќе сообраќа еден нов воз  и тоа од Велес   во 2.35 а пристигнува  4.18ч. со тоа што единствено  сопира во Овче Поле и Штип. Од Кочани  за Велес нов воз  тргнува  во 19.00 и стигнува 21.24ч. 

Од Скопје за Велес ќе сообраќаат два нови  возови првиот во 1.40 кој во Велес ќе стигнува во 2.20ч и вториот од 1.54 ч. а стигнува во  2.34 ч. Тие не сопираат попатно.   

Од  Велес за Скопје исто така има два  нови воза.  Првиот е во 21.24ч. кој во Скопје   стигнува во  22.16 Вториот нов воз   тргнува во 23.04 а во Скопје стигнува во 23.54ч. 

Железничкиот патнички сообраќај кон Гевгелија  останува непроменет. 

 Меѓународните возови од и кон Белград и Солун се во прекин. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »