речник контакт

Нови два случаи со ковид-19 во Велес и уште еден починат велешанец

Се работи за вработен во МВР и вработен во текстилната индустрија а починатиот бил на спомен со старецот кој прв почина од ковид-19

Петар Печков

Денеска имаме нови 2 ново  заразени лица од ковид-19 во Велес. Оваа информација ја сподели Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот ФБ профил.

Од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес дополнија дека се работи за вработен во МВР и вработен во текстилната индустрија кој во изминатите денови имал покачена телесна температура и изгубено чувство за мирис и вкус. 

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашиот град изнесува 34 лица. Денес на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден  пациент од Велес (67г), кој бил во контакт на спомен со лицето (78 год)  кое прво почина во Велес.

Така досега во градот има три починати лица, заразени со корона вирус.  Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19., со што  вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата изнесува 908 лица. Денес почина четири лица во Македонија, меѓу нив и гореспоменатиот велешанец. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »