Петар Печков
Објавено: недела, 17 октомври 2021
Нови два смртни случаи на велешани, кои починаа од последиците на ковид заразата. Починати се две лица од Велес, маж на 86 годишна возраст лекуван пет дена и жена на 72 годишна возраст лекувана 14 дена, и двете лица лекувани исто во Модуларната болница.
Со ова бројот на починати од последиците на ковид заразата во велешко се искачи на 209. Од понеделникот, до денес, за седум дена има девет смртни случаи на жители на Велес, позитивни на корона вирусот.
Висок е бројот и на ново заразени во велешко за изминатите 24 часа, 27 лица, позитивни на ковид-19., оздравени се девет. Бројот на активни случаи во велешко достигна до 333, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 62 лица, од кои 44 се потврдени позитивни, седум сомнителни и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 28 пациенти.
На Инфективно одделение згрижени се 32, на Интерно осум и во Модуларна болница 22.
Tweet |