речник контакт

Нови две починати лица, за седум дена, од последиците на ковид заразата во Велес

Се намалува бројот на активни случаи со ковид во велешко

Петар Печков

Изминатите седум дена две лица, кои се лекувале на Инфективно одделение од велешка Болница, починале од последиците на ковид заразата а имале коморбидитети. На 15 август починала жена на 86 годишна возраст со ковид пневмонија и после мозочен удар. Изминатото деноноќие починат е маж на 79 години  со дијабетес и деменција. И двете лица се до Велес.  Со ова вкупниот број на починати од велешко од последиците на ковид е 326.

„На Инфективно одделение хоспитализирани се седум пациенти, со кислородна поддршка се четворица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
 Измиваните 24 часа има нови пет позитивни случаи во Велес а оздравени се 12. Бројот на активни случаи падна на 111 лица а пред седум дена беа 138.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »