речник контакт

Нови десет позитивни случаи на ковид-19 заразени во велешко, еден починат

Оздравени се 13 пациенти, активни се 307 а во Болница се хоспитализирани 24 лица

Петар Печков

Денес четврток, во велешко има десет нови  регистрирани случаи на заразени со ковид-19 а  има  13 оздравени пациенти соопшти Министерството за здравство. Со ова бројката на активни случаи е 307  а досега се имаат заразено 2.980 лица.

Денес има починато еден пациент жител на Лозово, на 56 годишна возраст,  кој десет дена се лекувал на Инфективно одделение од  велешка Болница. Ова е 101-от пациент од велешко кој починува од последици на корона вирусот.

Вкупно  во велешка Болница се хоспитализирани 24, на Инфективно  се 22  а на  Интерно двајца пациенти. Од лежечките пациенти  кои 22 се потврдени позитивни   и двајца  пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет  пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »