речник контакт

Нови жртви по македонските пруги, двајца мигранти ноќеска починаа прегазени од воз

Инцидентот се случил во близина на железничката станица Клисура

Петар Печков

Двајца миграни ноќеска  починале откако биле прегазени од воз, соопшти МВР.  Инцидентот се случил во близина на железничката станица Клисура.  
„На 29 јуни во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија - Товарна Трубарево удрил во две лица, мигранти коишто лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата“ - соопштија од МВР. 

Според машиновозачот, лицата лежеле на пругата и кога ги видел било предоцна за да закочи. Засега не можело да се идентификуваат лицата на која возраст се и од која земја. 

Во време на мигрантската криза  која започна во 2014-та бројни миграни загинаа на македонските пруги, која им беше една до трасите како да стигнат до нивата посакуваната дестинација земјите на ЕУ.  Најголема беше на 24-ти април 2015-та близу Велес, кај станицата Рајко.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »