речник контакт

Нови можности за уникатни доживувања во регионот на Тиквеш, ноќевање во вински буриња

Вкупната инвестиција во новите туристички капацитети изнесува 315 илјади евра

Петар Печков

Љубителите на врвни вина, одлична храна и алтернативен туризам имаат нови можности за уникатни доживувања преку реализираниот проект за ено-гастрономски туризам во регионот на Тиквеш. Него го реализираше  компанијата „Тиквеш вински туризам“, во соработка со, „Домен Лепово“ и „Барово”.

Вкупната инвестиција во новите туристички капацитети изнесува 315 илјади евра, од кои дел се обезбедени преку Проектот за локална и регионална конкурентност на Владата и ЕУ, што се администрира преку Светска банка.  

Во рамки на новата современа туристичка понуда креирани се атрактивни содржини кои вклучуваат - камп со сместувачки капацитети во адаптирани вински буриња и нови велосипедски патеки на уникатната винска микро-локација Барово, понатаму атрактивно сместување на локацијата Лепово, како и мултифункционален вински бутик во Кавадарци.

Новите капацитети, развиени во рамките на овој проект, нудат можности за престој во предели што изобилуваат со природни убавини и чист воздух, а на посетителите им нудат уникатен спој на врвно вино, одлична храна, одмор и рекреација.

„Целта ни е да создадеме иновативни содржини за развој на винскиот туризам и збогатување на понудата преку дополнителни активности, како што се велосипедските патеки низ лозјата во Барово  реконструкција и унапредување на сместувачките капацитети во Лепово “ истакна Тихомир Касапинов, проект менаџер на „Тиквеш вински туризам“.

„Преку програмата за локална и регионална конкурентност, Европската Унија распредели 18 милиони евра за околу 50 проекти во областа на туризмот низ територијата на земјава. Согласно приоритетите на ЕУ, оваа програма цели кон стимулирање на одржлив економски развој – преку спречување на прекумерна употреба и злоупотреба на природните ресурси – и кон создавање работни места за младите луѓе. Со своето вино, природна убавина, историски места и традиција Тиквешкиот регион со сигурност ги исполнува сите услови за совршена туристичка дестинација. Се надевам дека Тиквеш и сите други места низ земјата со туристички потенцијал ќе имаат добра летна сезона, што ќе го потпомогне опоравувањето на секторот“, истакна ЕУ амбасадорот Гир. Тој  очекува дека Тиквеш, ќе биде синоним за вински туризам како што е Тоскана во Италија, Бордо во Франција и Истра во Хрватска.  

Со Проектот за локална и регионална конкурентност, се реализирани  58-те потпроекти, 19 се реализираат од општините, уште 19 од микро, мали или средни претпријатија, додека 20 потпроекти се изведуваат од здруженија и непрофитни организации, туристички организации, образовни институции или центри за обука.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »