речник контакт

Нови поразувачки бројки, 53 заразени со ковид-19 во велешко денес

Во велешко има активни 260 случаи, меѓу заразените уште еден рендген техничар. На Инфективното одделение попладнево имаше хоспитализирано 41 пациент

Петар Печков

Центарот за јавно здравје денес регистрираше нови 53 лица заразени со ковид-19 во велешко.  Има тројца оздравени.  Активни се 260 случаи.

На домашно лекување се 226 лица, 29 се на  Инфективно одделение во Велес,  две родилки се на ГАК во Скопје, тројца пациенти со корона вирус се во приватни клиники во  Скопје. Досега во велешко како заразени се водат 637 лица, оздравени се 348 лица. 

Меѓу ново заразените е еден вработен од рендген одделението во велешката болница, каде се сега вкупно тројца рендген техничари  позитивни на ковид-19.

На Инфективното одделение попладнево   имаше хоспитализирано 41 пациент, четворица беа пуштени дома како оздравени а по два негативни теста.  35 лица се потврдено позитивни а шестмина  се сомнителни со симптоми но без потврда дека имаат корона вирус. Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »