речник контакт

Нови случаи на лица со ковид-19 во велешко нема, има 26 оздравени

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е 43, почина маж од Велес на 80 годишна возраст

Петар Печков

Во Велес и велешко изминатите 24 часа нема нов случај на лице позитивни на ковид-19 а има 26 оздравени. Овие податоци ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко падна на  321.

Во велешка Болница, во Модуларното одделение почина пациент поради проблеми од корона вирусот,  на 80 годишна возраст, од Велес. Ова во велешко  е 224 жртва на последиците од ковид-19.  

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е   43, од нив 23 се на Инфективно одделение, 14 во Модуларната болница, додека на Интерно  се шестмина  пациенти.  
„Од згрижени пациенти 30 се позитивни,  деветмина    се негативни, но со потреба од продолжено лекување   а тројца пациенти се непотврдени.  На кислородна поддршка се 24пациенти. Примен е еден нов пациент, на Инфективно одделение“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »