речник контакт

Нови сообраќајни контроли, освен на возачите овој пат и на велосипедистите и мотористите

Трет ден по ред е контролирано дали возачите возат побрзо од дозволеното и повторно пронајдени возачи кои низ град возат со непрописна брзина

Петар Печков

Во петокот, на 17-ти  мај  на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, регистрирани се 11 прекршоци, од кои во Велес пет, во Кавадарци два и во Неготино се регистрирани четири прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни.    За потсетување во четвртокто во Велес беа констатирани два а ден претходно, во средата девет. 

Во саботата на 18-ти мај на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат велосипеди со помошен мотор и мотоцикли. Притоа, регистрирани се 38 прекршоци, од кои во Велес 16, во Кавадарци осум и во Неготино се регистрирани 14 вакви прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни и писмени опомени. 

фото:архива  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »