речник контакт

Нови стрип изданија на Стрип креатор

Излегоа два броја на единственото македонско стрип издание

Петар Печков

Во издание на Стрип центарот на Македонија Велес  излегоа бр. 18 и бр. 19 од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание кај нас.

Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори и од  учесниците на интернационалниот стрип конкурс којшто е во рамките на традиционалниот стрип салон.

Заедно со добитниците на признанија од последниот интернационален стрип конкурс , рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од земјава што доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стрип автори

Финансиската поддршка и овој пат ја овозможи Министерството за култура а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »