речник контакт

Нови три случаи на ковид-19 во велешко, два се во Бузалково

Ноќеска како итен случај од Инфективно одделение на ГОБ 8-ми Септември во Скопје препатен 40 годишен пациент од село Бузалково. Поради позитивен случај, експозитурата на Пошта, кај Пазариште нема да работи, вработените во изолација

Петар Печков

Во текот на вчерашниот дена во велешко регистрирани се три нови случаи на заразени со ковид-19.  Оздравени нема и со тоа бројката на активни случаи во велешко порасна на 30 лица.

Два од новите заразени се лица  од Бузалково и еден од Велес. Сите три случаи се во семејна врска, во потесниот круг од фамилијата, од познат кластер - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Едниот од ново заразените е вработен во АД Македонски пошти, поради што и експозитурата на  пазариште нема да работи.

Преземени се сите мерки, експозитурата е затворена, извршена е дезинфекција а сите вработени кои беа таму се во изолација - изјави директорот на Пошта во Велес, Горан Аврамов  

На Инфективното одделение има 13 пациенти, 10 се потврдено позитивни и тројца за кои се чекаат резултати. 
Во текот на ноќта е примен нов пациент со симптоми на ковид-19, додека едно лице на 40 годишна возраст од село Бузалково, поради влошување на состојбата е препатено на ГОБ 8-ми Септември Скопје- изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »