Петар Печков
Објавено: среда, 22 април 2020
Изминатите 24 часа се регистрирани 3 нови случаи на Ковид-19 на територијата на Велес, информираа од Центарот за јавно здравје. Така бројката на дијагностицирани пациенти со корона вирус во градот стигна до 62 лица.
Се работи за едно лице вработено во инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес и две лица кои самоиницијативно се тестирале во клиниката "Жан Митрев" после појавата на симптоми на Ковид-19 - изјавија од велешкиот ЦЈЗ.
Досега во Велс има пет здравствени работници, три од Центарот за јавно здравје и две од Инфективното одделение на велешката болница. Во градот има 55 активни случаи позитивни на ковид-19.
Tweet |