речник контакт

Нови шест случаи на ковид-19 во Велес

Вкупно заболени со корона вирус во Велес се 24 лица

Петар Печков

Во Велес изминатото деноноќие, заклучно денес до пладне се регистрирани шест нови случаи. Ова е информација која ја сподели Министерството за здравство.  Со тоа бројката на заболени во Велес стигна до 24 лица. 

По градови ново заболени има во Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново- дијагностициран пациент (76г.)

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »