речник контакт

Новина и полицијата ќе казнува за пушење на забранети места

Внимавајте каде не можете да пушите, да не ве удрат полицајците по џеб со сто евра. Забрането е и во оградениот простор од кафитериите пред нивните влезови

Петар Печков

Oд неодамна, надлежност над спроведување на „Законот за заштита од пушењето„  има и МВР. Притоа, предвидена е санкција за физичките лица, одговорните лица во правните лица, како  и правните лица,инфомрирааа од СВР Велес.

Во законот децидно стои дека пушењето е забрането во сите јавни простории, односно, угостителски, деловни, здравствени, социјални објекти, потоа, затворени и отворени објекти каде се одржуваат спортски натпревари, културни и забавни манифестации,собири и други јавни приредби, простор надвор од деловниот објект наменет за давање угостителски услуги кој содржи дополнителна опрема како фолии, прегради, стакло и друго со кој просторот се затвора од сите страни, заеднички простории на станбени згради (лифтови, светларници) и други места предвидени со законот.

Пушење е дозволено надвор од деловниот објект, тераса, летна бавча  во два случаја: доколку просторот е покриен, најмалку од 3 страни треба да нема никакви прегради стакло, фолии, пластифицирани или најлонски прегради или  во случај  на отворен простор кој странично е затворен од сите четири страни но не е покриен со покрив, тенда, чадор или слично. Надзор според законот има државен пазарен инспекторат,санитарен и здравствен инспекторат, трудовата инспекција,УЈП и МВР – велат од велешката полиција .

За тие што  ќе бидат фатени како пушат на места кои не се предвидени, Законот  дава изрекување глоба во висина од 100 евра со врачување покана и воедно  на лицето пушач му се понудува постапка за порамнување, односно, има можност во рок од 8 дена да ја плати глобата или да донесе потврда за извршена општокорисна работа во ЈКП Дервен , во спротивно ќе се процесуира барање за поведеување  прекршочна постапка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »