речник контакт

Новиот Fiat Tipo -Aegea ја освои титулата Auto Best 2016 за Европа

Opel Astra втор,Hyundai Tucson стигна до третата позиција

Петар Печков

Со изгласувањето на Tipo/Aegea за AutoBest 2016, Fiat стана прв бренд кој во историјата на AutoBest три пати го има освоено ова европско признание. Со вкупно 1.492 бода, Fiat Tipo/Aegea го зграпчи првото место пред Opel Astra за само 7 бода. Hyundai Tucson стигна до третата позиција со 1.145 бода, а Honda HR-V и Mazda CX-3 блиску го следеа во вкупното рангирање. 

Ова беше доста силен натпревар. Гласањето на 26-те члена на AutoBest жирито - за прв пат од цела Европа - беше многу тесно. Предноста на победникот е само неколку бода, што покажува колку добри беа Tipo и Astra. Исто така и останатите финалисти се покажаа исклучително добро, што е чист знак дека денес имаме извонредни производи за европските купувачи - рече Илиа Селиктар, претседателот на AutoBest жирито.

Fiat Tipo/Aegea е 'The Best Buy Car of Europe in 2016', односно автомобил со најдобар сооднос на цената и квалитетот во Европа за 2016 година. Новото Tipo семејство беше направено со стратегијата 'одличен автомобил за ниска цена' а не како 'евтин автомобил'. Резултатот е извонреден производ, со сé што му треба на просечниот европски купувач - дизајнот, моторите, забележливиот квалитет, комфорот, прилагодливоста. Tipo е ново изразување на функционалната страна на брендот Fiat и нов предлог на концептот 'вредност за парите'. Задоволство ми е во име на AutoBest да им честитам на сите луѓе инволвирани во Tipo/Aegea проектот - инженерите, дизајнерите и луѓето кои го произведуваат автомобилот за оваа прекрасна потврда на нивната извонредна работа - кажа Дан Варди

Икуо Маеда, главниот дизајнер на Mazda е добитник на DesignBest 2015 наградата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »