речник контакт

Новиот британски сој на ковид-19 го има и во Велес, пациентите се згрижени на Инфективно

Го има во неколку македонски града, Скопје, Прилеп дури 10 случаи, Охрид , Струга, Куманово

Петар Печков

Новиот британски сој на ковид-19 го има и во Велес, објавија од Министерството за здравство. Го има во неколку македонски града, Скопје, Прилеп дури 10 случаи, Охрид , Струга, Куманово.

„Новиот британски сој на ковид-19 детектиран е кај двајца пациенти од Велес, кои се хоспитализирани  на Инфективно одделение од Велешката Болница. Брисовите се земени од страна на вработени во Болницата и пратени на секвенционирање во МАНУ“- кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центар за Јавно здравја Велес. 

МАНУ потврдил дека и во Велес има заразени лица со новиот британски сој на корона вирус.

Првиот случај во земјава,  кога се  утврди присуство на мутираниот сој од Велика Британија на ковид-19. е откриен на 4-ти јануари, има и починато пациенти.  До   7-ми  февруари годинава, го има  кај 45 пациенти, односно кај толку примероци од тестирани и заразени лица, информираа од Министерството за здравство.

Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »