речник контакт

Новиот кинески дизел патнички воз сообраќа до Битола

Популарниот ,,Пелагонија екпрес,, повторно вози

Петар Печков

Од   понеделникот попладне   во железничкиот патнички сообраќај вклучен е новиот моторен воз,од кинеско производство. Тој неодамна стигна во Македонија а од вчера е на редовната линија Скопје - Битола и обратно.   Возот сообраќа како деловен со доплата  и не сопира на секоја станица, туку само на поголемите, Велес, Чашка, Богомила и Прилеп. Патувањето од Скопје до Битола со него трае  2 часа  и 40 минути, далеку помалку  отколку со автобус.     

Оваа гарнитура е идентична како и електричната која сообраќа на релација Скопје - Велес и обратно, само што  за движење користи гориво наместо електрична енергија. Станува збор за супер  модерна кинеска дизел моторна гарнитура  со 120 места за седење. Одлично  ја искачува делницата кон Богомила,  каде другите возови имаа проблеми поради високиот степен на  угорнина - велат од ЈП Македонски Железници транспорт.  

Пелагонија експрес трнува од Скопје во 17,10  а во Битола стигнува во 19,50ч. Наутро од Битола за Скопје тргнува во  5.18 а стигнува во   8 ч. Патниците кои беа првите кои се возеа  со  новата кинеска    дизел моторна гарнитура до Битола, задоволни од условите.

Конечно добивме одлични услови за патување. Супер е во возот, чисто, брзо, немам  забелешки. Добро е што пуштија и нов воз така што можеме до Скопеј за секоја пригода и потреба -   рече помлада  битолчанка, за кратката  пауза додека возот стоеше на железничката во Велес.   

Популарниот ,,Пелагонија експрес,, неколку месеци, од октомври не сообраќаше на релацијата Скопје -Битола и обратно.

Ова  е втор  од новите патнички возови кои Владата ги набави од Кина и  сообраќаат по македонските пруги  од почетокот на годинава. Деновиве стигна и третата, која  откако ќе биде тестирана се планира  да  вози на релацијата од Скопје до Кичево и до Кочани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »