речник контакт

Новиот театар готов следната пролет

Спомен Костурнцита ќе се санира, но треба да се открие од каде протекува. Министерката Канчевска Милевска во посета на Велес

Петар Печков

 Театарот во Велес треба да биде завршен пролетта следната година, ова е последниот рок кој министерството им го даде на изведувачите. Завршени се сите тендерски постапки и процедури за негова изградба. Ладното време изминатите три месеци довело до застој во работите. Фасадата и кровот треба да бидат завршени до крајот мај, по што ќе се работи на партерното уредување и сценската технологија. Досега во изградбата на велешкиот театар државата потроши  3,5 милиони евра.

Ова е капитална инвестиција,  на која Министерството дава посебно значење. Целосно се затворени сите фази во изградбата,  останува на фирмите да ги почитуваат нивните рокови, кои само ги понудија во тендерската документација. Очекувам дека во првиот дел на 2013 година велешките актери ќе имаат соодветни услови за творење и премиерно ќе ја одиграат првата претстава во овој објект. Се трудиме да бидат запазени светските стандарди во изградбата на неговата внатрешност – рече Елизабета Канчевска Милевска министерка за култура во Владата на Република Македонија.

Зградата на новиот театар во Велес ќе има 3.800 метри квадратни површина, со две сали  голема за 368 и мала сцена за стотина гледачи и луксузно фоаје. Тој е дело на архитектите Илија и Моника Стојчевски и Билјана Христова.

Сцената ќе овозможи најнови компјутерски достигнувања за нејзиниот изглед. Брзо ќе се прават измени на декорот,различна сценографија со повеќе сценски слики. На располагање ќе има  моторизирана платформа  и без големо учество на вработени ќе може  секој ден да се прават визуелно различни претстави. Светлото и тонот ќе бидат на највисоко светско ниво рече претставникот на  фирмата Светлост Театар од Белград кои  ја работат сцената. Министерката ја посети и велешката Спомен Костурница, каде што се јавија проблеми поради прокиснувањето на кровот.

Во овој објект е инвестирано многу пати до страна на Министерството за култура. Важно е да се откријат точните проблеми или од каде протекува во внатрешноста, добро е што нема големи оштетувања на мозаикот. Затоа ќе дојде поголем стручен тим каде ќе има  лица до Националниот конзерваторски центар, од Управата за заштита на културното наследство, од министерството за култура, од велешкиот музеј и локалната власт. Има повеќе можности но стручните лица ќе кажат што и како д  се работи. Се разбира нема да биде одминат и Градежниот институт кои работеле на санацијата   - рече министерката Канчевска Милевска. Таа побара од општината Велес да воведе чуварска служба, хортикултурно да го уреди просторот околу споменикот и  да го осветли.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »