речник контакт

Новите кинески возови без технички прием

Еден од проблемите е што новите кинески патнички возови се со помалку седиште отколку во тендерската документација, па поради тоа се уште не е извршен технички прием и не се во сопственост на МЖ

Петар Печков

Патничкиот но и товарниот железнички сообраќај во земјава се одвива со потешкотии. Причина е што дел од  постарите локомотиви и патнички возови се расипуваат на високите температури, па се случува некои линии да бидат и откажани, како што е случајот со возот за Кочани.  Шесте ново набавени патнички возови од Кина, во 2015-та и 2016-та година, четири моторни и две електрични,  биле без технички прием.  Тие беа платени 25 милиони евра, преку кредит од ЕБОР.

Од овие ново набавено возови граѓаните немаат бенефит. Имаме проблеми во железничкиот сообраќај. Се надевам дека тоа  ќе се надмине со локомотивите кои ги чекаме да дојдат од Кина - рече министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски при престој во општина Чашка.  Една електрична  локомотива стигна оваа пролет а уште три треба да дојдат до крајот на годинава.  Инвестицијата за нив е осум милиони евра. 

Неодамна при гостување на една телевизија, тогашниот директор на МЖ Транспорт Шабан Зендели, кој почина пред некој ден, кажа дека новите кинески возови се уште не се во сопственост на МЖ  и по толку години, оти врз нив нема извршено технички прием.  

На состанок со кинеската страна ЦРРЦ, дознав дека има недостатоци. Меѓу нив и е проблемот со бројот на седишта. Според тренерската документација треба да имаат помеѓу 175 и 205 а во пракса имаа возови со 176 седишта -електро, додека дизел се  со  172 седишта - кажа тогаш Зендели.  Поради ваквата состојба, вчера вицепремиерот Анѓушев објави дека возовите не ги задоволувале условите, поради што се водат и постапки во надлежните институции.

фото пуштање во употреба на новите кинески возови, ноември 2015

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »