речник контакт

Новите станари ги добија клучевите од населбата Хабитат во Велес, наменета за лица со ниски примања

Тие се изградени од американската невладина и непрофитна организација „Хабитат“. Топол дом добија 12 млади велeшки семејства

Петар Печков

Новите 12 станари ги добија клучевите од нивните домови во населбата Хабитат Македонија, која е изградена во Велес. Предадена на користење  беше шеста од предвидените 11 згради. Досега за 15 години, има обезбедено станови за 48 семејства со ниски примања. Тие се изградени од американската  невладина  и непрофитна организација „Хабитат“.

„Во изградбата на овој  објектот, покрај материјалите  е вложено многу пот, љубов. Иако се гледа како објект, тоа е дом за 12 фамилии“. - кажа Тик Хатавеј извршен директор на Хабитат за Европа.
 Изградбата на населбата „Хабитат“  започна есента 2008 година. Досега за овие години во работата волонтирале 1,7 илјади лица од цел свет, од сите континенти.   

„Оваа зграда е  градена од волонтери, со различни земји со различно  етничко, верско потекло.  Тоа ја истрајува мојата верба за изградба на општество еднакво  за сите. Мисијата на Хабитат секој да има пристојно живеалиште ја дели и Владата“ - изјави   Фатмир     Битиќи заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

Клучевите од новите домови ги добија 12 станари.

„Сакам да се заблагодарам и да ја споделам радоста за добивањето на нов дом за моето и нашите семејства.  Во името на сите станари големо фала за сите волонтери од цел свет, што ни овозможија да имаме топол дом“ - рече  Сашко Трајковски, еден од новите сопственици на становите.  

Големината на становите е од 45 до 68 квадрати.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »