речник контакт

Ново возило за дотур на храна во градинките во Велес (фото)

Поставена е нова игровна опрема за три објекти. Останатата се поставува во петте преостанати објекти. Градоначалникот се жали дека директорите од обраозование и култура од блок дотации имаат на сметка 141 милион денари кои не сакаат да ги искористат.

Петар Печков

Детската градинка „Димче Мирчев“„ набави ново возило, кое ќе служи за дистрибуција на храната во осумте клона. Новото службено возило марка Опел  е во вредност од 1.315.700 денари.

„Возилото е комерцијално, за пренос на храна до осумте објекти на градинката.  Досегашното возило беше користено повеќе до 13 години. Често се случуваше да затаи, дефекти е  беше потребно да се замени со ново.  Средствата со кое е набавено се од блок дотации за  непречено работење на градинката . Ги исполнува сите потребни стандарди за превоз на храна. Нашата мисија е среќно и безбедно детство за нашите најмили и широки насмевки на нивните лица“ - кажа директорката Маја Велиновска.    

Дворовите на Објект 1 -Маргаритки, Објект 2 -Сонце и Објект 4- Дизни се со ново поставени елементите од набавената игровна опрема, обезбедена со средства од Министерството за труд и социјална политика.  Во останатите дворови и објекти,  о во тек е монтажата  и партерно  уредување на истите.
Со ова „Димче Мирчев" продолжува да се модернизира и да обезбедува подобри услови за престој на дечињата.

Претходно на седница на Советот на Општина Велес градоначалникот Колев изрази разочарување бидејќи дел од директорите на  училиштата, но и од културата, не ги трошеле средствата кои се добиваат како блок дотации. Поради ова, на таа сметка имало неискористени 140 милиони денари. 

„Им велам да директорите од образование, правете проекти, трошете ги, оти може државата да си ги земе назад. Парите што лежат на сметка треба да се троашат, дали за кров, игралиште, фасада, ама мора да се искористат. Од 130 аплицирани проекти на ниво на држава, од Велес има  18. За систематски прегледи на вработените плаќала општината, за одење во пензија  пак општината, за смртен случај во семејството општината.  А локалната власт треба само за вработените плус пожарникарите. А сите, кои се на блок дотации, имаат средства кои се за таа намена“ - кажа Колев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »