речник контакт

Ново амбулантно возило за Брзата помош

Тоа е купено со сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом и со него е обновен стариот возен парк

Петар Печков

 Итната медицинска помош од Велес  доби ново амбулантно возило. Тоа е набавено од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом и со него ќе се поднови стариот возен парк. Новото санитетско возило може да одговори на потребите на пациентите  од градот и поширокиот регион, бидејќи одговара за тесните велешки улички и до 50 км оддалечените села од регионот на Азот.

Ова возило  е купено за потребите на итната  медицинска помош и домашното лекување. Тоа овозможува  побрзо  и безбедно стигнување до пациентот и негов  транспорт до соодветната здравствена установа. Амбулантното возило ќе овозможи да се стигне до секој дом во градот, бидејќи во неговите високи делови има  тесни сокаци   - вели  директорката  д-р Тања Самаракова.

Возилото марка ,,Дачија,, чини еден милион денари и е купено  со пари од буџетот на ЈЗУ Медицински центар. Тоа е снабдено со неопходната и потребни медицински апарати за итните случаи, и ќе помогне во давањето помош на граѓаните од општините Велес, Чашка и Градско. Повеќето од 12-те возила во оваа здравствена институција се постари од 2001-та година. Итната помош во велешкиот здравствен дом има проблем и со малиот број на доктори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »