речник контакт

Ново возило за Итната помош од Велес

Наменето е за руралните средини и високите делови на градот

Петар Печков

 ЈЗУ Здравствен дом од Велес  набави ново  теренско возило, кое е наменето за Итната медицинска служба. Тоа е купено со сопствени средства, од буџетот на установата. Тоа е  ,,лада нива,, со вредност од околу 790 илјади денари, со дополнителна опрема.

Ова возило ни е неопходно за овие зимски услови, бидејќи како служба покриваме три општини од кои две се рурални, Чашка и Градско. Тоа е за Итната медицинска помош, која тешко доаѓа со постојните санитетски возила. Тешко се стигнува и до  високите делови на Велес,  па домашните посети ќе ги обавуваме со ова возило. Набавуваме возила кои ќе одговорат за конфигурацијата на теренот во градот. Така возниот парк ни е комплетно обновен - изјави директорката -др. Тања Самаракова.  

Од стариот  возен парк брзата помош имала само уште едно санитетско  возило,старо 13  години,  ,,фиат темпра,,. Останатите коли се нови современи, кои се доволни за вршење на домашната посета на популарната Брза помош. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »