речник контакт

Ново заразени со ковид-19 во велешко се 24 лица

Во велешка Болница хоспитализирани се 46 пациенти, активни се 692 случаи на лица со корона вирусот

Петар Печков

Во велешко денес има регистрирано нови 24 случаи на лица позитивни на ковид-19, досега вкупно 2.599. Оздравени  се 23 или вкупно 1.823 пациенти.
Денес има починати две лица вкупно 84 од велешко.  Активни се  692 случаи,   634 се на  домашно лекување , соопштија до Центарот за јавно здравје Велес.


Во велешка Болница  хоспитализирани  се 46 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, непотврдени се седум, негативни  но со здравствени проблеми се 11.

На кислородна поддршка се 17 пациенти. Испишани се четири пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно  одделение се  36 пациенти, на Физикално  четири и на  Интерно  шест - соопшти д-р Елеонора Јорданова, портпарол на Општа Болница Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »