речник контакт

Ново одлагање за стечајот на ВВ Повардарие

Скопското друштво за производство, трговија и услуги ,,ВСМ –Интер,, го превзема долгот на Повардарие Неготино

Петар Печков

Осум дена доби подносителот на банкарската гаранција, за да подготви нова по која ќе одлучуваат подносителите за барањето за отворање на стечај на Винарска визба ,,Повардарие,, Неготино.  

На денешното рочиште во Основен суд Велес,  за отворање стечај,  Друштвото за производство, трговија и услуги  ,,ВСМ –Интер,, од Скопје поднесе писмена изјава за  превземање на  долгот од Повардарие и достави писмена граници, за исплата на подносителите на  предлогот за отворање на стечај: Царинска управа на Р. Македонија, Полед шпед  ДООЕЛ Неготино и Агро Јуником ДООЕЛ Скопје.  

Но откако го добија документите сите три констатираа дека понудената сума е помала од таа што тие ја побаруваат, па  Царинската Управа  остана на предлогот за отворање на стечај.

Предложената гаранција од 44 милиони денари  не го покрива целосно долгот кон Царинска управа кој е во висина од околу 52 милиони денари.  Затоа бараме отворање на стечај.  Згора на тоа во гаранцијата има број на  решение кое не е предмет во оваа постапка – рече  Методиј Мицевски претставник  на Царинска управа. 

На ова реплицираше правниот застапник на ВВ Повардарие Неготино, која посочи дека тие се обидувале повеќе  пати да  го дознаат висинскиот долг. 

Се обидувавме да комуницираме и да го добиеме вистинскиот износ на долгот од Царина. Многу пати испративме информативен допис, чекавме решение по кое ќе постапиме, но не го добивме. Згора на тоа Царина има хипотека за нејзиниот долг која можеше да ја реализира – рече  адвокат Мирјана Марковска. 

Наспроти ова до Царина понудија документ –допис од 30-ти март годинава со кој  го информираат должникот Повардарие  дека долгот  изнесува 51.972.192 денари.  По ова правниот застапник на  Друштвото за производство, трговија и услуги  ,,ВСМ –Интер,, од Скопје, побара рок од осум дена за банкарската гаранција да исправна.

Ќе ја исправиме техничката грешка околу бројот на решението во гаранцијата  и ќе понудиме суми поголеми од долгот на Царината и  за останатите предлагачи за стечај  - понуди адвокат Славко Секулов.

Новото рочиште дали ќе се отвори стечај во ВВ Повардарие Неготино е закажано за десетина дена.  Претходно должникот преку неговиот адвокат Марковска, бараше иземање на Основен суд Велес а потоа и на претседателот  на судот и судијата која постапува по овој предмет. Нивните барања Врховен ги одби.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »