речник контакт

Ново поставените знаци на средина тротоар ќе се отстрануваат

Градоначалникот Коцевски верува дека се поставени од невнимание

Петар Печков

На тротоарот кај новоформираниот кружен тек спроти ДОЗ, се поставија сообраќајни знаци. Но истите предизвикаа реакции кај велешани, оти се на средина од просторот и го попречуваат движењето на пешаците.

Иако се поставени согласно сообраќајните прописи, колку да бидат далеку од рабникот на тротоарот, тие на малиот просторот се наоѓаат  на средина. Така пешаците за да минат мора да се симнат на коловозот.   Градоначалникот вели тоа е пропуст на изведувачот. 

Ќе ги корегираме овие грешки, ќе дадам налог да се отстранат. Не се само тие. Еве кај приодот на Царинскиот терминал е на среде тротоар, сообраќаен знак  во вид на ,,П,, и пешаците мора да се симнат на коловозот, што ја загрозува  нивната безбедност. Верувам дека се од невнимание и грешките ќе ги исправиме  - изјави градоначалникот Аце Коцевски. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »