речник контакт

Ново разбојништво во Велес, повторно со пиштол ограбен маркет

Ограбен е маркет на кривините кој Којник

Петар Печков

Ново разбојништво во Велес, второ за две седмици. Откако на 12-ти октомври беше ограбен маркет на Којник, кој пред една година исто така беше ограбен со вооружена закана кон вработената, во саботата вечер, тоа се случило на нова локација, на  маркет на кривините кон Којник.

„На 23-ти октомври  околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во маркет на ул. „Благој Ѓорев“ во Велес едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет“ -соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.  Иако соседите зборуваат дека разбојништвото било извршено со закана од пиштол, МВР не кажува дали бил користен како закана кон вработените.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »