речник контакт

Ново разочарување, нов пораз за ФК Борец од екипа од дното, овој пат од ФК Академија Пандев во Струмица

ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ФК БОРЕЦ 2:1 (0:1)

Петар Печков

Стадион на Академија Пандев

судија: Качевски, Струга

стрелци: Радевски 78` од пенал и во 88` за ФК АП и М. Ристовски во 39` за ФК Б

картони :жолт Илиев, Радевски, Стоилов за ФК АП; Прелчец, Силва, Чичевски, Георгиевски за ФКБ  

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ: Алчевски, Димов,Димовски, Илиев, Крстовски, Миловановиќ, Николов,  Радев, Серафимов, Стоилов, Велиновски   играа и Пандев, Трапановски, Јованов

ФК БОРЕЦ: Ѓоргиевски, Ефтимов, Коцев, Прелчец, Ф. Ристовски,  М. Ристовски, Ристевски, Стоименовски , Силва, Стојчевски Трајков   играа и Чичевски, Радовиќ, Десниќ   

Ново разочарување од фудбалерите на ФК Борец. Загубија со 2:1 во Струмица од екипата на  ФК Академија Пандев, која до ова коло беше при дното, претпоследна со само 10 бода.

Како и на натпреварите со екипите фенерџии, со ФК Беласица  во Струмица одигра 2:2 а со ФК Ренова во Тетово и со играч повеќе 60 минути загуби со 1:0.

Велешани поведоа преку Марјан Ристовски во 39-та минута. Пресвртот стигна во 78 минута од пенал, кој го реализираше Радевски, кој го постигна и решавачкиот гол во финишот во 88-ма минута.

По ова 16-то коло, ФК Борец падна на шестото место со 22 бода а во следното, в недела на Градски гостува ФК Силекс, кој е четврти со ист број бодови.   

Поради тоа што е позитивен на ковид-19, ФК Борец , тренерот Горазд Михаилов отсуствува од клупата на велешани а екипата ја водат помошниците. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »