речник контакт

Ново училиште за учениците од село Согле

Инвестицијата е во висина од 5,2 милиони денари

Петар Печков

Учениците од прво до петто одделение од Подрачното основно училиште „Петар Поп Арсов" од село Согле, Богомила, Општина Чашка,  со почетокот на второто полугодие наставата наместо во старото дотраено училиште, ќе започнат да ја следат во нови простории од  училиштето.

„Грижата за децата и учениците е врвен приоритет на општина Чашка“ - кажа градоначалникот Горан Стојановски.

Составено е со модуларен систем на површина од 100м/2 во чиј состав има две училници,канцеларија и тоалети. Настава посетуваат пет ученика во второ и четврто одделение.

Вкупната вредност на  инвестицијата во зградата на училиштето е околу 5,2 милиони  денари од кои  петстотини илјади денари  се од буџетот на општина Чашка, а останатите од Министерството за образование и наука.

фото ФБ/Горан Стојановски градоначалник Општина Чашка

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »